Бутел Скопје од гостувањето кај Горица се враќа со негатива од , откако беше поразен од Горца со 27-24. Ова е прв меч од второто коло во ЕХФ Европскиот Куп, реваншот е за една недела во Скопје.
Домашниот тим отворија со 7-3, на другата страна Бутел Скопје успеа да дојде на 8-6 на средината на првото полувреме. Горица со три гола во низа поведе со 11-6. Но, оваа негатива не ги демотивираше избраниците на Стојанче Стоилов, на одморот заминаа со резултат 13-12.
Во вториот дел противникот постигна три гола во низа за 16-12, Бутел Скопје имаше одговор и за оваа игра, со серија од 4-0 го запиша второто водство на мечот 16-17. Неизвесноста продолжи, во 49-та минута нашиот тим поведе со плус два (21-23) со голот на Димитар Ѓеоргиевски. Домаќинот успеа да го врати водството 25-23 беше на нецели три минути до крајот. Бутел Скопје повеќе од шест минути беше без постигнат гол. Стоилов повика тајм-аут, Костов реализираше за 25-24. На другата страна противникот одговори со два гола за 27-24 и крај на сите надежи дека македонскиот претставник својата прва победа оваа сезона би можел да ја оствари на европска сцена.










