Денеска и утре се играат сите мечеви од 8.коло во ВМФЛ. Интересно ќе биде во Ѓорче каде денеска од 14.30 часот „лавовите“ ќе го пречекаат тимот на Охрид, тим кој што е лидер на табелата. Работнички не би требало да има проблеми со Шкупи, и секако дека сака да ја продолжи победничката серија. Пелистер игра дома, на својот стадион и тоа под рефлектори од 18 часот против Осогово.
Тетекс го пречекува Детонит, Еуромилк пред своите фанови игра со Новаци.
Утре од 14.30 часот Камењане се среќава со Кожуф, а во дербито на колото, во битката за Струмица од 18 часот се среќаваат Брера и Беласица,
ДВОЈКИ ЗА 8.КОЛО – ДЕНЕСКА
Тетово: Тетекс – Детонит (14.30 ч)
Скопје: Еуромилк – Новаци (14.30 ч)
Скопје: Македонија ЃП – Охрид (14.30 ч)
Скопје: Работнички – Шкупи (14.30 ч)
Битола: Пелистер – Осогово (18 ч)
НЕДЕЛА
Камењане: Камјани – Кожуф (14.30 ч)
Струмица: Брера – Беласица (18 ч)
ТАБЕЛА
Охрид 16, Работнички (-1) 15, Пелистер 15, Брера (-1) 14, Беласица 11, Македонија ЃП 10, Камјани 10, Тетекс 9, Детонит 8, Кожуф 8, Новаци 7, Еуромилк 5, Осогово 3, Шкупи 0.










