Денвер го победи Лејкерс, Јокиќ повторно маѓепса со асистенција зад грб (ВИДЕО)

27
фото: Denver Nuggets (X)

Заврши подготвителниот дел од НБА-лигата. За само три дена почнува новата сезона во најсилното кошаркарско натпреварување во светот. Ноќеска Лејкерс го пречека Денвер во дуелот меѓу Лука Дончиќ и Никола Јокиќ, а на крајот победата ја однесе српскиот репрезентативец со својот тим, кој славеше со 106:121.

Помалку неочекувано, Денвер со Јокиќ на паркетот одигра 31 минута. Српскиот центар за тоа време постигна 17 поени, имаше шест скока и осум асистенции и беше вториот најефикасен играч во својот тим. Џамал Мареј постигна 21 поен, а Кристијан Браун 16.

Кај Лејкерс, Остин Ривс заврши со 19 поени, додека Дончиќ за 19 минути на теренот постигна 15 поени.

Јокиќ повторно блесна со уште еден фантастичен потег – нова асистенција зад грб!

ПретходноПристигна веста што фановите на Реал Мадрид ја чека 181 ден
СледноЧешки судија исфрлен од фудбалот на 15 години поради поткуп