Вториот од двата прволигашки дуели денеска се игра во Штип, каде што домаќинот Брегалница го пречекува актуелниот бранител на титулата тимот на Вардар.
На полувреме резултатот е 0:1, а стрелец на единствениот гол засега е Бобан Николов. Тој реализираше во 24. минута откако Јанкулов нафрли на петерецот, Коцев и Закариќ во воздушен дуел ја спуштија на земја таа ничива топка, а на неа налета Николов кој што убаво погоди во мрежата на Филевски.
Претходно домаќинот имаше сериозни шанси преку Иван Николов, Методиј Максимов, Рајков, но домашните беа непрецизни, а во една прилика Давор Талески спаси чист гол.















