Скандал во Бешикташ: Алимпијевиќ го испрати Турчинот во соблекувалната (ВИДЕО)

103

Фудбалерите на Бешикташ речиси ја пропуштија предноста од 28 поени и по неочекувана драма го победија Баерн Минхен со 95:87 во петокот вечерта.

Овој натпревар од 6-то коло од Евролигата беше обележан и со необична и пред сè скандалозна ситуација што се случи во второто полувреме.

Душан Алимпијевиќ во еден момент одлучи да го отстрани турскиот кошаркар Метеџан Бирсен од игра, а тој се налути поради тоа и цело време пцуеше и луто отиде во соблекувалната.

Неговите соиграчи отидоа да го земат и го вратија, но Алимпијевиќ не сакаше да дозволи такво однесување.

Српскиот тренер го бркаше Турчинот назад во соблекувалната и го исфрли од играта.

Дел од инцидентот беше снимен од камери, па можете сами да го видите.\

ПретходноПМФЛ полувреме: Струга ТЛ „гази“ на Чаир
СледноСтруга ТЛ со прва гостинска победа сезонава