Швеѓанец привремено седна на клупата на Гана

20

Фудбалската репрезентација на Гана ќе ја предводи шведскиот стратег Ким Ларс Бјоркеґрен, кој е назначен за привремен селектор на машката национална селекција за ноемвриските натпревари.

Бјоркеґрен, кој досега работеше како селектор на женската репрезентација на Гана, ќе го предводи стручниот штаб на „Црните ѕвезди“ во претстојниот квалификациски дуел против Сомалија за Африканскиот куп на нации во 2027 година.

Во стручниот штаб ќе му помагаат Ибрахим Танко и Годвин Атрам, додека Фатау Дауда ќе биде тренер на голманите. Привременото решение доаѓа по разделбата на Гана со Карлос Кеирош, а потрагата по постојан селектор продолжува.

ПретходноГол-машина: Има повеќе голови отколку одиграни натпревари оваа сезона
СледноСтоле и Валенсија повторно не успеаја да победат на домашен терен