ПМФЛ: Денеска во Штип ќе “гори“ – Брегалница против Вардар!

1
ФОТО:.facebook.com/fkbregalnicaofficial

Дербито на 10.коло, во меч од првото коло од вториот круг, се игра денеска под Исарот каде домашната Брегалница го дочекува Вардар. Почетокот е закажан за 14 часот.Јасно е дека во Штип ќе “гори“, секогаш е така кога играа старите ривали, а јасно е и дека на Брегалница и “гори“.

Штипските „сини“ по првиот круг освоија само 10 бода и се на 7.место на табелата. Амбициите веројатно беа поголеми, но секако дека има време некои работи да се поправат.

Штипјани од своите миленици попладне очекуваат да се даде максимумот, да се обидат да го победат силниот ривал, кој ја брани титулата оваа сезона или барем да не загубат.

Од друга страна секако дека шампионот е во улога на голем фаворит. Вардар како – така успеа да ја намали разликата во однос на лидерот Шкендија на само 3 бода. Четата на стратегот Гроф Божовиќ иако не блеска, иако не игра којзнае како спектакуларно, ама собира бодови. На последните 4 натшревари Вардар освои 10 бода од максимални и затоа во пресрет на ова 10.коло се наоѓа на 3.место на табелата со ист број бодови како втората Струга ТЛ, 17, и само три помалку во однос на лидерот Шкендија (Т).

Јасно е дека дури допрва ќе се разгорува битката за титулата, досега ова беше само “загревање“, ама секако дека и тоа како добро ќе му дојдат трите бода на шампионот од денешното гостување во Штип.

ПретходноНојер може да урне рекорд на Баерн стар 19 години