Е. Пелистер славеше убедлива победа од 39:23 (20:14) на гостувањето кај Прилеп во седмото коло од ракометната Суперлига и привремено се искачи на врвот на табелата. Филип Кузмановски беше предводник на битолчани со девет гола, додека Садоу Нтанзи постигна пет погодоци.
Кај домашниот состав, Димитар Димитриоски беше најефикасен со пет гола.
Со новите два бода, Еурофарм Пелистер стигна до 13 бода и го презеде првото место пред комплетирањето на колото.










