Бојку пред денешното гостување: Очекувам тежок меч за Струга ТЛ кај Шкендија (А), се надевам на позитивен резултат

28

Во првиот меч од 10.коло, денеска на Чаир со почеток од 12 часот, Струга ТЛ ќе му гостува на составот на Шкендија (А). Ова е и прв меч од вториот круг во тековната сезона. Да потсетиме дека на во првото коло Струга ТЛ дома славеше со 3:0 со дебитантот во ПМФЛ.

По поразот во Куманово минатото коло, сите во таборота на стружани се свесни дека овој меч со Шкендија (А) е од големо значење.

Свој коментар има Бесмир Бојку, клучниот играч на стружани:

“Очекуваме тежок натпревар, бидејќи Шкендија (А) е квалитетен противник, а ние играме и на гостински терен. Сепак, ќе влеземе на теренот максимално подготвени и мотивирани, со цел да дадеме се од себе и да извлечеме позитивен резултат. Мора да бидеме компактни во одбраната, да ги искористиме можностите што се појавуваат и да се бориме за секоја топка во текот на целиот натпревар.“

Бојку вели дека верува во позитивен резултат:
„Секако дека веруваме. Поразот од Башкими ни послужи како лекција и свесни сме дека мора да реагираме. Имаме тим со карактер и квалитет, па затоа утре ќе го дадеме својот максимум за да покажеме поинакво лице на теренот. Се надеваме дека со посветеност, дисциплина и соработка можеме да постигнеме позитивен резултат утре против Шкендија Арачиново“заврши Бојку.

ПретходноМбапе им замина, ама го потпишаа спектакуларниот Олисе!
СледноНојер може да урне рекорд на Баерн стар 19 години