Еуромилк ГЛ со реакција на судењето на Идризи: Не добивме два чисти пенали! (ВИДЕО)

160

По денешниот натпревар од 8. коло на Втората македонска фудбалска лига меѓу Еуромилк ГЛ и Новаци (0:0), со реакција се јавија луѓето од скопскиот второлигаш.

Тие јавно негодуваат на судиската арбитража на Фуркан Идризи. Лисичани сметаат дека се оштетени за два чисти пенали.

„ЈОСИП БАРТОН, ДОСТА Е! Кога на еден натпревар сме оштетени за два чисти пенали, тогаш веќе нема збор за случајност, туку за сериозни судиски пропусти! Ние се бориме на теренот, вложуваме труд и средства, а некој со вакви одлуки ни ја одзема можноста рамноправно да се бориме за бодовите. Бараме одговорност, професионалност и еднакви аршини за сите! Фудбалот се игра на теренот, а не се решава со свирчето!ПРЕТСЕДАТЕЛЕ МАСАР ОМЕРАГИЌ, ВРЕМЕ Е ЗА КОНКРЕТНИ ЧЕКОРИ!
Јавно Ве поздравуваме и очекуваме конечно да се преземат сериозни мерки за состојбите во македонскиот фудбал и судењето кое сè почесто предизвикува револт кај клубовите.
Кога на еден натпревар се случуваат спорни одлуки, а клубовите сметаат дека се оштетени за два пенали, тогаш мора да има реакција, анализа и одговорност.
Не бараме привилегии, не бараме помош — бараме правда, еднакви критериуми и фер услови за сите!
Господине Омерaгиќ, клубовите заслужуваат да бидат слушнати. Време е зборовите да се претворат во дела, а довербата во македонскиот фудбал да се врати!
ФЕР ФУДБАЛ ЗА СИТЕ!
Во прилог следува и видео од спорниот момент и ако уште демантирате наназат неколку утакмици и тие јавно ќе ги објавиме
Спортски поздрав од ФК Еуромилк“, се вели во реакцијата на социјалните мрежи.
ПретходноПЛ: Ливерпул со пресврт до победа кај Брентфорд, Халанд за седми триумф на Сити
СледноФФМ: Преставниците на Шкендија (А) влегле во судиската соблекувална и вулгарно ги навредувале судиите