Македонскиот кошаркар Ненад Димитријевиќ и Арис ја забележаа втората последователна победа во грчката Суперлига, откако на домашен терен го совладаа Маруси со 74:57, во натпревар од третото коло.
Димитријевиќ беше дел од почетната петорка на тимот од Солун и имаше важна улога во клучните моменти од натпреварот. Тој средбата ја заврши со 14 поени, на кои додаде и 3 скока и 4 асистенции за помалку од 18 минути поминати на теренот.
Најефикасен кај Арис беше Мет Морган со 22 поени, додека победата му донесе на тимот втора последователна радост во домашното првенство.










