Ведрана освои сребро на Европското Гран При (Е6)

43

Ведрана Тунески, членка на ТК Бутел, освои сребрен медал на Европското Гранд При (Е6), во кадетска конкуренција до 51 килограм. Со три победи против натпреварувачки од Франција, Турција и Кипар, Ведрана се пласираше во големото финале и освои сребрен медал во исклучително силна европска конкуренција.

Овој резултат претставува екстремно голем успех за македонското таеквондо, особено ако се земе предвид дека станува збор за олимписки спорт и за натпреварување на највисоко европско ниво во нејзината возрасна и тежинска категорија.

Со освоениот медал, Ведрана обезбеди нови 32 бодови и директен пласман на Финалното Гранд При, отворајќи ја вратата за нови меѓународни успеси.

ПретходноПрва радост и за КК Скопје, победа над Струмица
СледноТоти: Фудбалот стана бизнис, има се помалку талент и фантазија