Димитријевиќ: Бадел 1862 секогаш има највисоки амбиции, целта е битка за титулата!

33

Новата сезона во „Шпаркасе Лајф“ Прва лига – жени стаартуваше, денеска на програмата се две средби. Бадел 1862 е гостин на Пробаскет (14:30 часот), додека пак Гевгелија е домаќин на Патриот (14 часот).

Предводникот на баделки, Дарко Димитријевиќ, кој лани направи вистински подвиг со својот тим ги сподели своите очекувања.

„Очекувам тешка и изедначена сезона, бидејќи минатата покажа дека секој може да победи секого. Нашиот најголем предизвик ќе биде да го искористиме искуството од минатата сезона, да бидеме поконстантни и со максимален пристап да останеме во самиот врв.

Бадел секогаш мора да има највисоки амбиции. Целта е борба за титулата. Го задржавме костурот од минатата сезона и дополнително се засиливме со Сандра Лазаревска. Дали ќе стигнеме до титулата ќе покаже теренот. но ќе сториме сè за да го направиме тој чекор повеќе“.

Задоволен сум што имаме континуитет и што играчите веќе го знаат системот. Заминувањето на Ива Чолаковска е тешко да се надополни. Но со Сандра добивме искуство и поголема ротација. Ќе се потпреме на тимската игра, хемијата, довербата и максималната посветеност“, изјави Димитријевиќ.

ПретходноСкандал во Реал Мадрид: Снимена забавата на Винисиус и Белингам со атрактивни девојки
СледноЛиверпул ја доби веста што ја чекаше: Дајте 100 милиони евра на маса и ќе биде ваш во јануари