Меличи: Шкендија има само една цел – победа и три бода против Скопје

34

Попладнево во 14 часот на стадионот на Автокоманда, се среќаваат последниот на табелата и лидерот, Скопје против Шкендија (Т). На прв поглед Шкендија не би требало да има проблеми за да дојде до победа против тимот кој сеуште нема триумф, но факт е дека Шкендија не е во таа форма како до пред еден месец и Шкендија си има проблеми кога терените не се идеални за игра.

За ова свој коментар има и репрезентативецот на Македонија и стоперот на тетовци, Анес Меличи:
“Мислам дека состојбата на терените во Македонија навистина не е добра, но мислам дека ова не е изговор или алиби. Мислам дека теренот е лош за нас,но и за противникот. Мора да бидеме пореални и да прифатиме дека Шкендија е тим кој гради игра, кој сака да игра европски фудбал и во овој поглед ова навистина ни го отежнува и е предност за ривалите. Но, како што реков претходно, ова не е изговор, мора да најдеме начин да ги добиеме натпреварите“.

Тој вели дека за денешниот меч целта е јасна…

“Направивме анализа и целта е само да освоиме три бода, без разлика дали ги добиваме играјќи добро, градејќи игра или на добар или лош терен или на кал или каде знам што, но целта е само да освоиме три бода.“.

Стратегот Артим Положани не ќе може да смета на повредените Дрилон Ислами и Мељан Мурати.

Скопје денеска пред своите фанови ќе се обидат да ја изнедат Шкендија, ама колку имаат сила и квалитет да дојдат до такво нешто, останува да се види.

Мечот Скопје – Шкендија (Т) се игра на Автокоманда а главен судија ќе биде Стојанче Стојанов.

ПретходноЛазаров: Среќен сум поради резултатот, не сум задоволен од транзицијата и од нападот!
СледноСкандал во Реал Мадрид: Снимена забавата на Винисиус и Белингам со атрактивни девојки