Додека ја отслужува суспензијата од четири натпревари и се соочува со критики од навивачите на Реал Мадрид, Винисиус Жуниор организирал приватна забава. Во јавноста се појавија снимки од настанот што се одржал на 15 октомври во Мадрид, а деталите прв ги објави бразилскиот портал „LeoDias“, повикувајќи се на објави од девојки кои присуствувале на забавата.
На забавата биле и Белингам, Камавинга и Хујсен
Според информациите што прв ги објави „LeoDias“, а потоа ги пренесоа бразилските и европските медиуми, на забавата наводно биле и Џуд Белингам, Едуардо Камавинга и Дин Хујсен. Собирот во домот на бразилскиот фудбалер стана една од главните теми за разговор меѓу навивачите на мадридскиот клуб.
Сепак, најмногу се зборува за Џуд Белингам. Во медиумските извештаи се наведува дека тој ја напуштил забавата пред останатите, а се појавија и тврдења дека ѝ бил неверен на својата партнерка Ашлин Кастро.
Снимките што се проширија на интернет прикажуваат девојки пред куќата и покрај автомобилите кои се поврзуваат со Винисиус. Интересот дополнително го зголеми фактот што една од девојките кои присуствувале на забавата во своите објави ги означила профилите на Винисиус и Белингам.
Непријатен момент за клубот и фудбалерите
Целиот настан се случил само неколку дена откако, на 11 октомври, беше објавен прекинот на врската меѓу Винисиус и бразилската инфлуенсерка Вирџинија Фонсека. Бразилските медиуми пишуваат дека напаѓачот и по разделбата бил забележан на излегувања со соиграчи и инфлуенсерки.
Се очекува реакција од клубот и од самите фудбалери, но јасно е дека ваквите настани не придонесуваат за позитивниот имиџ на ѕвездите на Реал Мадрид, чие однесување надвор од терените е под будното око на јавноста.
Сепак, треба да се напомене дека објавените снимки не покажуваат што точно се случувало на самата забава, поради што сите информации треба да се земат со резерва. Останува да се види дали ќе се огласат и главните актери на приказната и дали целиот случај ќе остане само на ниво на медиумски шпекулации.










