Езѓјан Алиоски, еден од нашите најдобри фудбалери во изминатата деценија, денеска беше стрелец за својот Лугано во меч од 1/16 финалето во Купот на Швајцарија.
Лугано славеше со 0:4 на гости кај Пули а нашиот репрезентативец во 16.минута со удар од белата точка зголеми на 0:2.
Алиоски ги одигра сите 90 минути што значи дека повредата е минато и дека сега може и тоа како да ги искаже сите свои квалитети.










