Очекуван епилог во салата во „Автокоманда“. ГРК Охрид дојде до петтиот триумф во Супер-лигата, откако на гостински терен го совлада младиот состав на Мулти Есенс со 26:42 во меч од седмото коло. Избраниците на Борис Ројевиќ имаат едно реми и еден пораз, додека, пак, скопскиот состав има две ремија и пет порази.
Охриѓани уште во првото полувреме ја оправдаа улогата на фаворит и поведоа со 13:21. Мечот го отвори Џигеровски за 1:0, но гостите брзо ја презедоа контролата и поведоа со 3:8. Во вториот дел ГРК Охрид веднаш стигна до двоцифрена предност од 13:23 за мирна завршница.
Мате имаше осум гола, додека Лиапис постигна шест, а Славиќ запиша 12 одбрани кај победничкиот состав. На другата страна, Гурмешевиќ, Ѓокески и Ѓоргиевски имаа по четири погодоци.










