Дали е ова крај за Карик: Јунајтед само до бод кај Лидс, Брајтон си “гази“!

95
фото: Manchester Utd (X)

Лидс – Манчестер Јунајтед 1:1 во меч од 7.коло во Премиерлигата. Уште еден голем кикс за тимот од “Олд Трафорд“, кој никако да започне една победничка серија. Ова четврто реми сезонава под водство на тренерот Мајкл Карик, со само една победа и два порази. Па талка сега некогашниот гигант се наоѓа на 3.место на табелата со само 7 бода.

По ова реми дали е ова крајот на Мајкл Карик на клупата на Манчестер Јунајтед, тим кој што оваа сезона игра и повеќе од очајно.

Мбеумо во 35.минута донесе водство на гостите од 0:1, за да домашните израмнија на почетокот на второто полувреме на 1:1.

Затоа Брајтон си гази. Попладнево на свој терен го декласира Кристал Палас со 5:0, па така сега моментално е на 2.место на табелата, но со меч повеќе од Арсенал.

Канвот си даде автогол, следуваа головите на Гомез, Ајари, Костулас и Хиншенволд за конечни 5:0.

Борнмут со головите на Таверние и Еванилсон го победи Сандерленд со 2:0.

ПретходноВМФЛ: Кожуф со гол во 87.минута “извлече“ бод во Камењане
СледноКомо рутински до победа во Фиренца