Од Шкендија Арачиново велат дека нема да трпат неправди! (ФОТО)

251
ФОТО:KF Shkëndija Haraçinë 77/Facebook

И тоа како беше бурно вчера во мак-фудбалот по се она што се случуваше по натпреварот меѓу Шкендија (А) и Струга ТЛ кој заврши со победа на гостите со 0:2. Следуваше преписка со судиската организација и воопшто ФФМ каде двете страни се “објаснуваа“ кој е во право, за да доцна синоќа раководството на Шкедија Арачиново одржа состанок.

На овој состанок се разгледала целата ситуација и се најавени кокретни чекори кои клубот ќе ги преземе од утре. Инаку челниците на клубот добиле поддршка за сите чекори кои ќе се преземаат од утре па натаму.

Се вели дека Шкендија Арачиново нема да трпи неправди. Па така останува да се види што ќе се случува, и тоа од утре.

Во секој случај се очекуваат нови потреси во мак – фудбалот.

ПретходноМеси со магија во Атланта, па провокација за која зборува фудбалскиот свет!
СледноСтигна потврда – Мартинез мора на операција