Пелистер посакува да го сопре Работнички – бара помош од фановите!

1
Фото: КК Пелистер/Фејсбук

Денеска ќе се одиграат три натпревари од третото коло во Супер-лигата, сите три треба да ја донесат потребната неизвесност.

Во Кавадарци, Тиквеш Г.И. е домаќин на Куманово. Станува збор за пресметка помеѓу два тима кои ќе се борат за втората победа сезонава. Натпреварот стартува со почеток во 18 часот.

По двете победи во низа, Работнички е гостин во Битола. Пелистер сака да дојде до нов триумф, мечот го најави Благој Димитриев.

„Ме радува дуелот со Работнички и можноста пак да играме пред домашните навивачи. Загубивме на претходниот натпревар во Струмица и треба да ги вратиме тие загубени бодови. Треба да ги исправиме грешки и со помош на нашите навивачи да го изненадиме противникот. Ги повикувам нашите навивачи да дојдат во што е можно поголем број и да ни дадат поддршка, која ни е неопходна“. 

Во СЦ „Јане Сандански“ пак ќе се сретнат Скопје и Струмица. Домаќинот и натаму ја бара првата победа сезонава.

ДВОЈКИ 3. КОЛО 

18.00: Тиквеш Голден Игл – МКК Куманово

Спортска сала „Јасмин“ – Кавадарци“

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/F7HXpQFGrY4?si=97FISxEr4PRYa7vm

19.00: Пелистер – Работнички

Спортска сала „Боро Чурлевски“ – Битола

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/OyZjFkUfFr8?si=v_trKC_Makjno_qC

19.30: Скопје – Струмица 2001

Спортски центар (мала сала) „Јане Сандански“ – Скопје

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/o2QdC5Q27AI?si=4Tmb5f3uL_T57uqg

ПретходноПолицијата нареди целосна евакуација на стадион, пристигнал и специјализиран тим