Викендов се одиграа првите натпревари од претколото во Првата одбојкарска лига за мажи од кои треба да се дефинираат учесниците во Првата А и Првата Б лига. По првите дуели полека се навестуваат уесниците во А групата, но останува, сепак, да се почекаат и реваншите.
Шампионот Штип УГД веќе си ја заврши работата откао ги доби и двата дуели со Јанта Волеј, додека по максималните триумфи на гости и Борец и Струмица се на чекор до А групата.
ПРВА ЛИГА – МАЖИ / ПРЕТКОЛО (ПРВ НАТПРЕВАР):
Јанта волеј – Штип УГД 0:3 (8:25, 5:25, 5:25)
Весна Пробиштип – ГОК Борец 0:3 (20:25, 14:25, 10:25)
Македонија Џио – Струмица 47&72 0:3 (8:25, 10:25, 20:25)
Скопје – Работнички 71&22 1:3 (21:25, 25:20, 22:25, 20:25)
Лирија – Сушево 2:3 (16:25, 25:19, 23:25, 25:18, 11:15)
Шкендија – Универзитет во Тетово 0:3 (20:25, 21:25, 23:25)










