Сопственикот на Феникс го нападна Дурент, па доби веднаш одговор!

0
фото: KNAWTNINE (X)

Сопственикот на Феникс Санс, Мет Ишбија, призна дека трошел пари без размислување кога го презел тимот, а најдобар доказ за тоа, според него, е доведувањето на Кевин Дурент.

Ишбија истакнува дека Дурент е играч од елитна класа, но дека ниту таквиот талент не гарантира шампионски прстен. Тој додава дека во Феникс сега размислуваат поинаку кога станува збор за ангажирање нови кошаркари.

Сопственикот на Санс го изјави ова во интервју за „CNBC Sports“, признавајќи дека претходно верувал оти со пари може да ги купи најдобрите играчи и што е можно побрзо да ја освои титулата.

„Проблемите ги решавав со пари. Немавме дефинирана структура, тимска култура, ниту ѕвезда водилка што ќе ни покаже во кој правец одиме. Затоа фрлавме пари и доведувавме талентирани играчи како Кевин Дурент, но тие не ти гарантираат титула.

Мора да пронајдете играчи што одговараат на вашиот тим, на вашата визија, работна етика и став, играчи на кои им е важно да победуваат и кои се трудат секој ден. Токму тоа го бараме во Феникс во моментов. Дали станува збор за Дурент или за некој друг, воопшто не е важно. Нас нè интересира одреден профил на играч“, изјави Ишбија.

Не требаше долго да чека одговор од Дурент, поранешниот кошаркар на Санс, кој сега настапува како крилен кошаркар на Хјустон Рокетс.

„Да, така е, обвинувајте ме за сè, иако на 36 години сè уште сум меѓу најдобрите во кошарката. А вие слободно вратете се на таа ваша култура што толку многу ја цените. Метју се однесуваше кон мене како да сум уапсен за возење во пијана состојба“, порача Кевин.

Да потсетиме, Дурент беше трејдуван во Феникс во февруари 2023 година и таму помина две и пол сезони. Со Санс играше едно финале на Западната конференција, а следната година тимот беше елиминиран уште во првата плејоф-рунда. Во наредната сезона, пак, Феникс не успеа да стигне ниту до плеј-ин турнирот.

Потоа следуваше неговиот трансфер во Хјустон Рокетс.

ПретходноПолувреме: Шкендија експресно до 2:0 на Автокоманда, а Ангелов намали во финишот!(ВИДЕО)