Џани Алиоски успешен пеналџија во победата на Лугано

0
ФОТО:facebook.com/footballclublugano

Езѓјан Алиоски, еден од нашите најдобри фудбалери во изминатата деценија, денеска беше стрелец за својот Лугано во меч од 1/16 финалето во Купот на Швајцарија.

Лугано славеше со 0:4 на гости кај Пули а нашиот репрезентативец во 16.минута со удар од белата точка зголеми на 0:2.

Алиоски ги одигра сите 90 минути што значи дека повредата е минато и дека сега може и тоа како да ги искаже сите свои квалитети.

ПретходноФОТО НА ДЕНОТ: Трумчи и Николовски имаа што да си кажат!