Денеска во 12 часот, во меч од 10.коло, во Куманово силите ќе ги одмерат Башкими и Силекс. Ова ќе биде натпревар – да се биде или не за кратовци. Имено составот на стратегот Александар Васоски нема победа повеќе од два месеци. Кратовци како да заборавија кога последен пат победиле. Тоа се случи во 3.коло на 15 август, кога славеа против Скопје со 3:0.Отогаш на тие шест средби три порази и три ремија и освоени само 3 бода од можни 18. Секако дека ова е поразителен скор за клуб кој најавуваше големи нешта во оваа 2026/27 сезона во нашата елитна лига.
Токму затоа Силекс е под притисок, Силекс мора денеска да победи. Во спротивно кризата ќе се продлабочи и тоа како.
А ќе се гостува кај Башкими кој во минатото коло против една Струга Трим Лум покажа квалитет, покажа сила и на крајот славеше со 2:1. Секако дека на крилата на таа победа кумановци денеска во “утрински“ термин, ќе се обидат да дојдат до уште една победа и да најават дека имаат намера што побргу од опасната зона на тавбелата, а таму да го “втурнат“ токму Силекс, Во тој случај и двете екипи ќе имаат по 10 бода.
Сепак, реално е да каже дека кога – тогаш Силекс мора да “проработи“, да почне да победува.
Токму затоа се очекува да биде супер интересно денеска во Куманово, на соседското дерби.
Мечот ќе го суди Стојанче Трпчевски.















