Лазаров: Среќен сум поради резултатот, не сум задоволен од транзицијата и од нападот!

83

Алкалоид обезбеди убедлива победа од девет гола разлика (31-22) на првиот натпревар против Ферлах во рамките на второто коло во ЕХФ Европскиот Куп. Избраниците на Кирил Лазаров доминираа во текот на целиот меч, па сега им останува полесната задача, на гостински терен да ја потврдат фаворитската улога.

Лазаров е задоволен од резултатот, но не и од целосното издание на неговите момци. Потенцира дека треба уште да работат, особено на транзицијата и на нападот.

„Имаме одличен резултат. Видовме дека Ферлах е добра, сериозна екипа и затоа сѐ уште немаат пораз во Австрија. Ние, голем дел од натпреварот го одигравме во грч, посебно во напад. Треба да работиме уште. Не сум задоволен од транзицијата и од нападот, мораме да бидеме попрецизни и ракометно подобро да одработиме“, вели Лазаров.

Тој вели дека е среќен за резултатот и карактерот на тимот, бидејќи и во едно издание кое според него може да биде подобро, успеале да победат со девет гола разлика.

„На крајот имаме и преголема предност, девет разлика. Мислам дека гостите заслужија подобар резултат. Среќен сум поради резултатот, но знаеме дека сѐ уште не сме нивото на кое што сакаме да бидеме. Но, радува карактерот на екипата, што на крајот ни ја донесе и оваа предност. Бидејќи се работи за елиминациски натпревар, мислам дека ова добро ќе влијае и психолошки на нив.

ПретходноКратовци заборавија кога последен пат победиле!
СледноМеличи: Шкендија има само една цел – победа и три бода против Скопје