Башкими – Силекс 0:1 е резултатот по првите 45.минути од денешниот меч од 10.коло во ПМФЛ. Стрелец на голот за водство на гостите од Кратово беше Нихад Шеро во 13.минута.
Интересно е во Куаново каде и едните и другите имаа свои шанси, посебно треба да се одбележи таа на Хаскуиќ во 41.минута кога офанзивецот на кратовици речиси од идеална ситуација шутираше силно, но домашниот голман Алију успеа со крајни напори да го спаси својот гол и да не дозволи гостите да поведат со 0:2. Во 44.минута Манојлов имаше зицер, но не успеа да го погоди домашниот гол.
Колку за потсетување, Силекс нема победа од 15 август, или шест меча во низа.















