Вардар 1961 денеска ќе го одигра натпреварот од седмото коло во Супер-лигата. Актуелниот македонски првак за противник го има тимот на Бутел Скопје, предводен од својата легенда Стојанче Стоилов.
Натпреварот ќе се игра во невообичаен термин (12 часот), во салата „Јане Сандански“.
Причината е гостувањето на Вардар 1961 кај Нант во Лигата на шампионите. Како што информираа од таборот на „црвено-црните“, веќе утре се пакуваат за Франција. Тренерот Иван Чупиќ и неговите момци имаат четири порази во ЛШ, а против Нант ќе ја бараат првата победа.
Што се однесува до Супер-лигата, тука се лидери без пораз. Бутел Скопје, пак, на дуелот со Вардар 1961 влегува по поразот од Горца на гостински терен, во рамките на ЕХФ Европскиот куп.










