Еве како легендарниот Ѓорѓевиќ ги поддржа студентите за претстојните избори во Србија: “Три секунди пред крај…“!(ФОТО)

1
ФОТО:x.com/CoachDjordjevic

Александар Ѓорѓевиќ, легендарниот кошаркар и тренер на турски Бахчешехир, испрати порака за поддршка до Студентската листа во пресрет на изборите во Србија претстијниот викенд.
Ѓорѓевиќ се јави од Истанбул, со многу емотивни зборови:
„Октомври 2026 година, Истанбул.
SwissOtel… Последен пат бев тука пред триесет и пет години. Оттука тргнавме да го освоиме третиот европски трофеј на Партизан.

Победа со тројка на три секунди до крајот…

Простете ми што молчев за момент…

Бевме многу млади, некои од нас сè уште учеа. Се чувствувавме горди и храбри, исто како денешната српска младина.
И затоа, заедно со длабок поклон, ви ја спуштам капата, со обврска да ги ставиме нашите стари рамена под вашите патики, извалкани од долги маршеви на љубов и надеж.
Допрете го посветлото небо. Го заслужувате тоа, многу повеќе од сите нас пред вас“
, напиша Ѓорѓевиќ.

ПретходноКако е можно: На “Бернабеу“ има 26 камери, ама снимката од бруталниот старт на Ѓулер волшебно исчезна!