Луис Енрике: Јас сум навивач на Барселона, но сум тренер на ПСЖ

1

Утрешното ново коло од Лигата на Шампионите, ќе го донесе мечот на досегашниот дел од сезоната, воопшто.

На „Паркот на принцовите“ во Париз ќе се сретнат ПСЖ и Барселона, двата веројатно најквалитетни фудбалски состави на денешницата.

Како најава за утрешниот меч кој што секако стартува од 21:00 часот денеска на прес конференција се појави тренерот на ПСЖ, Луис Енрике, кој што рече дека очекува спектакл, како и остатокот од светот, секако.

„Јас сум фокусиран на реалноста. Јас сум член на Барса. Бев играч и тренер на клубот шест години, три во првиот тим и три во вториот. Мојата сопруга и децата се Каталонци. Имам многу силна врска со Барселона . Но, јас сум сега тренер на ПСЖ. Секој натпревар на Барселона го гледам како навивач, а не како тренер. Случајно, секоја година се соочуваме со Барса. На почетокот ми беше тешко да го прифатам тоа. Сега сум навикнат да играм против одличен, уникатен тим кој има многу квалитетни играчи, не посегнува по грубост и има вредности што ги сакам. Според мене, ова е еден од тимовите што се најблиску до сегашниот ПСЖ. По сè што кажав досега, навистина би сакал да победиме утре. За мене тоа е дополнителна мотивација да се соочам со клубот каде што се чувствував најважен. Како парижанец, се надевам дека ќе победиме утре“ – изјави Луис Енрике.

 

ПретходноМбапе добитник на наградата „Златен Онз“