Македонската женска ракометна репрезентација денеска во „Three Corners Hotel“ повторно ќе се собере. После „Трофеј Македонија“, нашите ракометарки и селекторот Игор Марковиќ, ЕХФ неделата ќе ја искористат за подготовка за Европското првенство кое од 3. до 20 декември ќе се одржи во пет земји.
Базата на Македонија ќе биде Клуж, а таму Македонија за противници во групната фаза ќе ги има Норвешка, Романија и Швајцарија.
За нашата женска селекција ова ќе биде осмо учество на континенталното натпреварување, а ЕХФ ја најави Македонија со кратки видео-записи.
За потсетување, Македонија има нов селектор. Марковиќ дебитираше на „Трофеј Македонија“ во септември кога оствари две победи и пораз. Сега има целосна слика за тимот, па веќе ќе може да започне со градење на тактиката за европските предизвици.










