Вчера на Автокоманда во меч од 10.коло во ПМФЛ, Шкендија со 1:3 успеа да слави како гостин кај Скопје. Добар, интересен меч.
Сепак најинтересно беше по завршувањето на натпреварот каде неколку млади фанови на домашниот тим правеа селфи со напаѓачот на противничкиот тим, Фабрис Тамба.
Колку за потсетување токму Сенегалец беше стрелецот на третиот гол за Шкендија, но тоа не им пречеше на неколку млади дечиња да побараат селфи со еден од најдобрите фудбалери не само во Шкендија. А Тамба како голем професионалец им го овозможи тоа, со задоволство прифати и им ја оствари желбата на дечињата.
Ова е убавата страна на спортот, убавата страна на фудбалот.
Браво за младите фанови на Скопје, секако браво и за интернационалецот од Сенегал.















