Несторовски: Ако и затребам на Македонија, јас сум тука

48

Илија Несторовски, искусниот македонски фудбалски интернационалец, и поранешен репрезентативец во моментов е во одлична форма. Иако има полни 36 години во моментов, Несторовски сезонава веќе седум пати се запиша во листата на стрелците и е трет во оваа категорија во ХНЛ лигата.

На јановта Нестор нормално дека и е интересен затоа што тој во моментов игра и се однесува како да допрва почнува да игра фудбал, а не да е на залезот на својата кариера.

Во опширно интервју за „Спортклуб“, тој се осврна на многу теми, а секако и на онаа со предзнак репрезентација на Македонија. Несторовски спомена дека тоа е една од работите за кои жали, затоа што беше повреден за време на Европското првенство, но и дека сеуште е достапен за националниот тим доколку тоа биде потребно.

„Навистина, постигнав сè. Единствено, можеби кога станува збор за Македонија жалам што не можев да настапам на тоа Европско првенство. Но, тоа е што е. Се појави таа повреда и тоа е тоа. Инаку, сè друго остварив. Играв во петте најсилни лиги и таму постигнував голови – сè беше навистина одлично. Освен тоа Европско првенство, за кое навистина жалам, но тоа е минато – одиме понатаму. Можеби сега следува Светско првенство, доколку повторно добијам повик за националниот тим – со оглед на тоа што се вратив во добра форма никогаш не се знае“ – вели Несторовски па додава.

„Па, секогаш имам надеж. Продолжувам да тренирам, продолжувам да играм и никогаш не сум се откажал од националниот тим. Ако стигне повик, секогаш сум на располагање за Македонија, да се игра за Македонија за сопствената земја е вистинска гордост. Така што, секогаш им стојам на располагање. Забележав дека во последните години не добивав повици, но тоа воопшто не е проблем. Всушност, тоа ми дава повеќе време за семејството за време на репрезентативните паузи. Но, ако по овие одлични настапи некој се сети на мене па, во ред, тука сум.“ – поентира еден од најдобрите голгетери во историјата на македонскиот фудбал.

 

ПретходноМанчестер Сити го бранат најдобрите правници, но во јануари ги очекува тежок удар!
СледноВардар стигна до нова победа сезонава