Можеби по малку неочекувано, но сепак Пелистер 2 забележа убедлива победа против Тиквеш со 34:27 Не дека победата е сензација, туку изненадување е тоа што младите пелистерци на така убедлив начин стигнаа до неа.
Ова беше последниот меч од 7.коло во ракометната Суперлига на Македонија, кој се одигра вечерва во Битола.
Уште на стартот Пелистер 2 тргна силно, водеше и со 4:0 во 6.минута. Во тие моменти на гостите од Кавадарци ништо не им одеше од рака, интересно, вториот гол за 7:2, Тиквеш го постигна дуруи во 12.минута.
На одмор се замина со тие 17:10.
Во продолжение од натпреварот гостите заиграа нешто подобро, но ни тоа не беше доволно да се намали разликата, туки барем да остане во рамките на таа од првиот дел.
Разиграни беа избраниците на Бранко Ангеловски, знаеја што сакаат и како да дојдат до победа.
Па така на крајот и повеќе од заслужено дојдоа до третата победа сезонава, а ова за кавадарчани беше третиот пораз.
Најефикасен кај победничкиот состав беше Димевски со 9 голови од 10 обиди, додека кај гостите Ончев запиша осум голови.










