Лапорта за трансферот на Мбапе во Реал:“ Не можеш да имаш повеќе од еден петел во кокошарникот!“

0
ФОТО:facebook.com/fcbarcelona/

Барселона има тешка недела пред себе, со натпревари против Пари Сен Жермен и Реал Мадрид. Претседателот на Каталонците, Хоан Лапорта, во пресрет на утрешниот дуел со европскиот првак во Париз, за „Л’Екип“ го критикуваше својот голем ривал во Шпанија.
„Реал Мадрид го изгуби кредибилитетот, и институционално и на терен“, рече Лапорта.
„Тие сакаат да го одвлечат вниманието, но тоа не функционира“, рече тој за случајот Негреира.

„Мислам дека тргнаа по погрешен пат и ја плаќаат цената. Веќе нема однос. Дури би рекол дека сега сме во конфликт. Тие се обидуваат да го одвлечат вниманието“.

Лапорта имаше свој коментар и за трансферот на Килијан Мбапе во Реал Мадрид.

„Не можеш да имаш повеќе од еден петел во кокошарник. Никогаш не функционира. Приоритет во фудбалот е тимот. Сепак, Реал Мадрид отсекогаш ги претпочитал големите играчи. Верувам дека поради ова го изгубиле целиот кредибилитет – затоа Флорентино Перез се обидува да се оправда со ширење лаги за случајот Негреира. Резултатот е ист: Реал Мадрид не освоил ништо две години!“, рече претседателот на Барса.

ПретходноСекоја чест: Пеп Гвардиола испрати моќна порака! (ВИДЕО)