Табела по 10.коло во ПМФЛ: Шкендија (Т) е лидер со +3 пред Струга ТЛ и Вардар

2

Со денешниот меч во Гостивар, на кој Арсими и Тиквеш одиграа 1:1, се стави крај на 10.коло. Па така убаво ќе биде да видиме како сега изгледа табелата по одиграните сите пет средби од првото коло во вториот круг. Шкендија (Т) си ја врати лидерската позиција само по 24 часа, на која беше Струга ТЛ. Тетовци имаат 23 бода или +3 повеќе од втората Струга ТЛ и Вардар. Се чини дека ова се тие три екипи кои оваа сезона жестоко ќе се борат за титулата. Ова се и последните шампиони на Македонија. Струга ТЛ во 2022/2023 и 2023/2024, Шкендија во 2024/2025 и Вардар во 2025/2026 сезона.

Следува Тиквеш си 17 бода, тим кој би можел да им ги замрси сметките на водечките. Петта е Шкендија (А), па Силекс кој вчера по пауза од два месеци конечно успеа да победи. Брегалница и Арсими имаа по 10 бода, Башкими 7 а последно е Скопје со 3 бода. Уште еднаш да потенцираме дека „пиратите“ се единствените во изминатите 10.коло немаат победа.

ТАБЕЛА

1.Шкендија (Т) 23

2.Струга ТЛ 20

3.Вардар 20

4.Тиквеш 17

5.Шкендија (А) 14

6.Силекс 13

7.Брегалница 10

8.Арсими 10

9.Башкими 7

10.Скопје 3

ПретходноПроблем за Сити: Семењо ќе паузира со месеци