Ал-Итихад понуди 25 милиони евра за фудбалер на Реал (М)

0
ФОТО: TotalEnergies Africa Cup of Nations/FB

Саудиски Ал-Итихад испратил официјална понуда до Реал Мадрид во вредност од 25 милиони евра за ангажман на мароканскиот офанзивец Брахим Дијаз. Интересот на клубот од Саудиска Арабија доаѓа поради ограничената минутажа на Дијаз во мадридскиот тим, каде што се бори за поголема улога во конкуренција на бројните офанзивни фудбалери.

Сепак, според објавените информации, самиот играч засега претпочита да остане во Реал и да се избори за место во стартниот состав, наместо да ја продолжи кариерата во Саудиска Арабија.

Реал Мадрид допрва треба да ја разгледа понудата, а евентуалниот трансфер ќе зависи и од ставот на клубот и од желбата на фудбалерот.

ПретходноМЗТ Скопје А. немаше сили за прва победа, пораз и од Вирцбург