Иконата на Арсенал ќе биде водител на доделувањето на “Златната топка“!

57
ФОТО:France football/X

Иконата на Арсенал и некогашен легендарен репрезентативец на Франција,Тјери Анри, ќе биде еден од водителите на церемонијата за доделување на „Златната топка“, официјално објавија организаторите.
Настанот ќе се одржи на 26 октомври во Лондон, а Кејт Скот ќе биде водител заедно со Анри.
Анри и Скот се колеги и работат заедно во спортската емисија „Голазо“ на CBS. Таму им се придружуваат Џејми Карагер и Мика Ричардс.
Француската легенда го наследува Руд Гулит, кој беше водител заедно со Скот во 2025 година.
„Лондон е мојот дом. Имам длабока врска со овој град, со неговата фудбалска култура, со неговите страсни навивачи. Се оформува како исклучителна вечер и ќе ги собере најголемите фудбалски таленти“, рече Анри.

Инаку се шпекулираше со тоа дека Лео Меси ќе биде еден од водителите, ама по се изгледа дека ништо од тоа. Можеби поради тоа што Лео покрај Јамал, Кејн и Мбапе е еден од оние кои се во најтесниот круг за добивање на најпрестижната индивидуална фудбалска награда во светот.

ПретходноФИФА ги казни Египќаните поради обвинувањата дека Светското првенство било наместено во корист на Аргентина
СледноЛотар Матеус за Олисе: Тој е ист каков што беше Марадона!