МЗТ Скопје А. немаше сили за прва победа, пораз и од Вирцбург

1
фото: Fiba.basketball

Македонскиот шампион МЗТ Скопје Аеродром загуби со 87:73 на гостувањето кај Вирцбург Баскетс во Германија и го претрпе третиот пораз во групната фаза на ФИБА Европа Купот.

„Металците“ одиграа израмнето прво полувреме, а по првите десет минути резултатот беше 21:21. Сепак, домаќините ја презедоа контролата во вториот период, кој го добија со 28:22, па на паузата заминаа со предност од шест поени (49:43).

Клучна за разврската беше третата четвртина, во која Вирцбург повторно беше поуспешен со 20:15 и ја зголеми разликата на двоцифрена. Во последниот период двата тима постигнаа поени во сличен ритам, но МЗТ не успеа да ја надополни негативата. Германскиот состав на крајот заслужено славеше со 87:73.

Најдобар стрелец во редовите на македонскиот тим беше Ноа Али Фаракан со 14 поени. Андреј Маслинко постигна 12 поени, на кои додаде седум скока, две украдени топки и две блокади.

ПретходноЛШ: Шок за Фенер во 92. минута, Борусија ги однесе бодовите од Баку