Нено со 17 поени ја завреши четвртата победа на Арис во Еврокупот

0
ФОТО:facebook.com/arisbc.gr/

Кошаркарите на Арис ја забележаа четвртата победа во Еврокупот, откако на гостувањето во Германија убедливо го совладаа Рошток со 110:79. Нашиот кошаркарски репрезентативец Ненад Димитријевиќ повторно одличен во составот на АРис, овој пат запишувајќи 17 поени и четири асистенции.

Грчкиот состав одигра фантастичен натпревар во нападот, постигнувајќи дури 110 поени и покажувајќи дека се наоѓа во одлична форма во европското натпреварување.

Џеремаја Робинсон беше меѓу најистакнатите поединци кај Грците со 21 поен, 10 скока и две асистенции.

ПретходноРоналдо промаши пенал, а најави и дека не планира да се врати во дресот на Португалија (ВИДЕО)