Роналдо промаши пенал, а најави и дека не планира да се врати во дресот на Португалија (ВИДЕО)

0
ФОТО:.facebook.com/fifaworldcup/

Кристијано Роналдо имаше ден за заборав. Само еден ден откако доби суспензија од Португалската фудбалска федерација, капитенот на Португалија промаши пенал на натпреварот меѓу Ал-Наср и Неом во саудиското првенство. Претходно, новинарот Руи Сантош објави дека Роналдо во моментов не планира да се врати во фудбалската репрезентација на Португалија.

Според неговите информации, присуството на 41-годишниот напаѓач на следниот собир на националниот тим е речиси исклучено. Роналдо смета дека бил неправедно третиран и дека не му била кажана вистината, поради што се чувствува предаден.

Португалската фудбалска федерација го казни со 30-дневна суспензија и парична казна од 255 евра. Сепак, според медиумските извештаи, поради пресметувањето на суспензијата од денот на прекршокот, казната нема да го натера да пропушти натпревар.

ПретходноСмилковски: Делегатот не дозволи да играат Американците иако се регуларно регистрирани