Башкими од ФИФА доби забрана за трансфери

0

Башкими во наредните три преодни рока не ќе може да прави трансфери. Санкцијата почнува од вчера 19.10.2026. Ова е поради фактот дека кумановскиот прволигаш имал долгови кон играчи. Ова е нешто вообичаено од страна на ФИФА кон клубови кои не ги исполниле своите обврски, а еден од таквите е кумановскиот прволигаш. Башкими во меѓувреме ако ги исплати долговите веднаш ќе биде укината суспензијата.

Интересно е тоа што пред ФИФА да го санкционира Башкими, овој клуб успеа да ангажира и потпише повеќе странски играчи со кои сепак успеа да направи релативно добар тим за наши услови.

Башкими не е првиот клуб од Македонија што добива ваква забрана.

Претходно„Франс фудбал“ го бира најдобриот меѓу најдобрите