Еурофарм Пелистер се прости од Рати

5

Екипата на Еурофарм Пелистер изрази сочувство за прераното заминувањето на Рати Мсхквалидзе, кој ненадејно почина.

“Нашето големо ракометно семејство вчера прими непријатна и тажна вест. Ненадејно и прерано почина поранешниот ракометар на Еурофарм Работник, Рати Мсхквалидзе.

Рати во Битола престојување во сезоната 2017/18 а веста за неговата смрт ја примивме од Ракометната федерација на Грузија од каде кажаа дека имал значаен придонес во развојот на грузискиот ракомет, и по завршувањето на играчката кариера продолжил да работи како тренер на помладите генерации.

РК Еурофарм Пелистер упатува длабоко сочувство до семејството”, се вели во соопштението на битолчани.

ПретходноЛШ: Од ова нема подобро – дуел на титаните во Париз!(ФОТО)