Скокач од 13. години е првак на Шведска!!!

1

Сензационална вест доаѓа во Шведска, каде што 13. годишно момче е државен првак во скијачки скокови.

Извесниот Матис Лидстроем, кој што секако за пошироката светска јавноста е тотална непознаница, ја победи сениорската конкуренција, и стана државен првак на оваа Скандинавска земја.

На 90-метарската скокалница (К-90), младиот скокач оствари скокови од 95 и 90 метри, освојувајќи вкупно 223 поени.

Доминацијата на Линдстрем меѓу сениорите најдобро се гледа од фактот што второпласираниот, Оскар Францен, заостана зад него за дури 50,6 поени (со освоени 172,4 поени).

Младиот Швеѓанец го заокружи викендот во голем стил, покрај сениорската титула, тој триумфираше и во јуниорските категории, како на нормалната, така и на средната скокалница, со што освои вкупно три титули.

 

ПретходноБуфон: Кај Јувентус не е проблемот до тренерот