Кошаркарите на Арис ја забележаа четвртата победа во Еврокупот, откако на гостувањето во Германија убедливо го совладаа Рошток со 110:79. Нашиот кошаркарски репрезентативец Ненад Димитријевиќ повторно одличен во составот на АРис, овој пат запишувајќи 17 поени и четири асистенции.
Грчкиот состав одигра фантастичен натпревар во нападот, постигнувајќи дури 110 поени и покажувајќи дека се наоѓа во одлична форма во европското натпреварување.
Џеремаја Робинсон беше меѓу најистакнатите поединци кај Грците со 21 поен, 10 скока и две асистенции.










