Одбојкарите на македонскиот шампион Штип УГД ја почувствуваа салата „Topsporthal“ во Доетинхем и го одработија официјалниот тренинг пред утрешниот предизвик во Лигата на шампионите.
Екипата ги имаше првите контакти со теренот на кој ќе се соочи со холандскиот шампион, во натпревар кој носи нов европски предизвик и можност за докажување на меѓународната сцена.
За штипјани ова е огнено крштевање во Лигата на шампионите, по што следува реваншот во Штип следната недела.










