Нова бламажа на Манчестер Јунајтед, Галатасарај со пресврт го совлада Лил

72

Фудбалерите на Манчестер Јунајтед доживеаја уште една бламантен пораз во рамките на Лигата на Шампионите, откако вечерва екипата на Комо одигра брилијантна партија и славеше со 4:1 во дуелот со „црвените ѓаволи“. Тренерската позиција на Мајкл Керик беше во опасност и пред овој натпревар, а сега е веќе извесно дека бившата играчка легенда на Манчестер нема повеќе да биде водач на клубот.

Нико Паз уште во втората минута ја најави катастрофата за противничкиот тим и го отвори резултатот. Во 49-тата минута Паз асистираше за Дувикас, а овој го матираше Ламенс за 2:0. Само 8 минути подоцна Паз повторно се најде на вистинското место и го постигна и третиот гол за својот тим, а круна на убедливата победа стави Јакобо Рамон во 76-тата минута. Џошуа Зиркзе постигна почесен погодок за Манчестер Ј. во 91-та минута.

Во вториот натпревар кој се одигра во вечерашниот термин Галатасарај ја совлада екипата на Лил со 2:4. Домашните играа одлично и водеа со 2:1 со головите на Диаун, но во вториот дел Галатасарај ја оправда фаворитскита улога и стигна до пресврт. Головите за Галата ги постигнаа Акѓун, Батраков, Осимен и Озер кој си постигна автогол.

ПретходноЈокиќ е на второ место: Ова е листата на ТОП 10 кошаркари со најголеми плати во НБА!
СледноРоналдо со поддршка за Квича: Твоето најдобро допрва доаѓа!