Првиот човек на Трабзонспор дел од скандалот со обложување во Турција

91

Во огромниот скандал кој што го тресе турскиот фудбал, а се однесува на обложувањето и суспензиите на огромен број на фудбалери, судии, функционери се најде и претседателот на Трабзонспор, Ертугрул Доган.

Тој заедно со уште 147 функционери од турските клубови, добија по 45 дена суспензија од страна на турската фудбалска федерација поради прекршување на правилата за обложување.

Во септември беше објавено дека 448 лица се привремено суспендирани и пријавени пред Дисциплинската комисија за професионален фудбал при ТФФ, под сомнение дека се обложувале додека ги извршувале своите службени должности.

Правилата и прописите се јасни и тие велат дека играчите, тренерите и судиите, така и клупските функционери не смеат да учествуваат во активности поврзани со обложување, согласно правилата на Федерацијата, како и прописите на Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) и Европската фудбалска унија (УЕФА).

Како што пренесува Би-Би-Си, од ТФФ соопштија дека лицата опфатени со истрагата извршувале функции во клубови од првите две нивоа на турскиот фудбал во текот на изминатите пет години.

За 147 од нив е утврдено дека ги прекршиле правилата за обложување, поради што им е изречена забрана за учество во фудбалот во времетраењето на нивната суспензија.

Во ноември минатата година, по истрагата спроведена од ТФФ, беа суспендирани 149 судии и 1.204 фудбалери.

ПретходноШешко можеби ќе одсуствува до крајот на годината
СледноЧурлин и неговите соиграчи се хит со хитот на Недељко Бајиќ Баја (ВИДЕО)