РФМ презема иницијатива за реактивирање на Скопскиот судиски збор

58

По иницијатива на генералниот секретар на Ракометната федерација на Македонија, Влатко Тасевски, во просториите на РФМ се одржа состанок со ракометните судии од Скопје, со цел унапредување на организацијата и функционирањето на судиската заедница.

Главен акцент на средбата беше ставен на реактивирањето и воспоставувањето функционален Скопски судиски збор, како и на подобрувањето на меѓусебната комуникација и координација меѓу судиите.

На состанокот беше истакната и важноста на професионалниот развој на судискиот кадар, како значаен сегмент за подигнување на квалитетот и стандардите во македонскиот ракомет.

Со оваа иницијатива, Ракометната федерација на Македонија има за цел да придонесе кон создавање посилна, поорганизирана и пофункционална судиска заедница.

ПретходноРоналдо со поддршка за Квича: Твоето најдобро допрва доаѓа!
СледноШтип УГД поразен на првиот историски натпревар во Лигата на шампионите