Будење на титанот: Вардар среде Франција го прегази Нант

48

Вардар ја запиша првата победа во Лигата на шампиони, откако на тешкиот терен го совлада Нант со 27-33 во меч од петтото коло. Ова беше дуел на поранешните европски прваци.

Актуелниот македонски првак му одржа лекција на Нант, од петтата минута го имаше водството, благодарение на одличната одбрана. Вакво понижување на францускиот тим му се нема случено.

Вардар се врати по почетните 2-0 на Нант и на стартот на 11. минута поведе со 5-8. Предводени од одличниот Валах, кој запиша девет одбрани во првото полувреме, „црвено-црните“ стигнаа и до највисоки плус четири (7-11). Избраниците на Иван Чупиќ на двапати испуштија да поведат со пет гола разлика. Вардар ја задржа предноста и во продолжението, а на паузата замина со водство од 13-16.

Македонскиот првак продолжи во исто темпо и во второто полувреме, во 41 минута дојде на плус седум (17-24). 

Домимацијата на Вардар продолжи со доминацијата, во 41-та минута поведе со 20-28, десет минути подоцна вардар поведе со плус девет (22-31). Тузолана во 57 минута ги постави двоцифрените 23-33.

Тука веќе беше јасно дека оваа вечер ќе биде обоена во црвено-црно.

Валах имаше 17 одбрани. Љевар со седум гола беше прв стрелец, додека Малус и Митровиќ постигнаа по шест гола.

ПретходноБернал суспендиран на четири натпревари поради инцидентот со Јамал