Вардар посилен за Урош Митровиќ во Нант: Нема причина да не играме со 100 отсто!

49

Ракометарите на скопски Вардар 1961 ќе бидат посилни за Урош Митровиќ на денешното гостување кај француски Нант, во натпревар од петтото коло во ЕХФ Лигата на шампионите.

Српскиот ракометар ја одработи суспензијата од четири натпревари поради прекршокот над Валентин Порто на последниот меч во ЕХФ Европската лига против Монпелје минатата сезона. По месец и половина, тој повторно ќе му биде на располагање на стручниот штаб на македонскиот шампион.

„Желбата остана иста, не исчезна. Цело време се подготвував за овие натпревари во Лигата на шампионите и ја чекав својата шанса. Конечно, по месец и половина, ми истече казната од четири натпревари и сега можам да играм и да му помогнам на тимот.

Не знам дали тоа што немаме притисок може да биде олеснителна околност, но секако ќе играме до крајот и ќе го дадеме максимумот. Иако немаме шанси да ја минеме групата и ќе го продолжиме натпреварувањето во Европската лига, каде што игравме и минатата сезона, нема причина да не играме со 100 отсто од можностите и да не ја бараме победата“, изјави Митровиќ.

Тренерот Иван Чупиќ нема да може да смета на Мохаб Абделхак, кој има здравствен проблем, како и на Махамаду Кејта, кој поради вироза не отпатува со екипата. Во ростерот се враќа и Марио Стојановски.

Ваардар веќе ги загуби шансите за пласман во следната рунда во ЛШ, па европската сезона ќе ја продолжи во Европската Лига.

Натпреварот против Нант е закажан со почеток во 20:45 часот.

ПретходноБесниот Флик брутално избркал ѕвезда од Барселона: Испразни го шкафчето и губи се!
СледноБарселона го пријави ПСЖ во УЕФА поради оваа кореографија (ВИДЕО)